Здружение “Центар за електронска поддршка“
ЦЕП ГАМА Свети Николе од Свети Николе
Визијата на Здружението “Центар за електронска поддршка“ ЦЕП ГАМА Свети Николе е подобрување на условите и начинот на живот на маргинализираните групи преку можностите и потенцијалите на ИКТ.
Мисијата на Здружението ЦЕП ГАМА Свети Николе е пружање на помош и поддршка на маргинализираните групи преку користење на ИКТ.
Работата на Здружението е фокусирана на користење на ИКТ од страна на маргинализираните групи, како и помош и поддршка на граѓанските организации за ставање на ИКТ во служба на маргинализираните групи.
За остварување на својата визија, ЦЕП ГАМА активно комуницира со граѓанските организации и нивните членови, за дефинирање на нивните технички потреби за помош на маргинализираните групи, и наоѓање на соодветно техничко решение за истите, како и негова изработка.
Главна алатка која ја користи Здружението за остварување на својата поддршка е онлајн учењето. Преку онлајн обуки Здружението дава директна поддршка на маргинализираните групи или на стручни лица кои работат со нив.
Стратешка цел на Здружението е ставање на ИКТ (информациски и комуникациски технологии) во функција на граѓаните на Македонија и пошироко, со посебен акцент на маргинализираните групи.
Други цели на Здружението се:
Придонес кон подигање на свеста на граѓаните за можностите за примена на интернет алатките
Поддршка на граѓански организации за примена на ИКТ за потребите на нивните целни групи
Поставување на стандарди за примена на интернет алатките од страна на маргинализираните групи во Македонија