ЕЦ ГАММА

Едукативниот Центар ГАММА е платформа за онлајн учење, креирана од Здружението Центарот за електронска поддршка Гама. Отворањето на едукативниот Центар е финансирано од Бугарската развојна помош. Владата на Република Бугарија, преку своето Министерство за надворешни работи и Амбасадата на Р. Бугарија во Р. С. Македонија, финансира мноштво на проекти преку кои дава поддршка на маргинализирани групи, а пред се, на децата со посебни едукативни потреби. Во таа насока, Владата на Р. Бугарија го финансираше отворањето на едукативниот центар Гама и креирањето на онлајн обуки за родителите и наставните лица кои работат со деца со посебни едукативни потреби, со посебен осврт на децата со аутистичен спектар на нарушувања.

Главна цел на обуките се поддршка на родителите и наставниците за процесот на инклузијата на децата со посебни едукативни потреби во образовниот систем.

Обучувањето на наставниот и стручен кадар во училиштата во однос на децата со посебни едукативни потреби, а пред се, нивната поголема свесност и знаење за аутистичниот спектар на нарушувања, води до поинаков пристап со децата со посебни едукативни потреби во целина и нивна побрза и полесна интеграција во училиштата.

Обуката за наставниот кадар во училиштата ќе им помогне во препознавање и справување со карактеристичните однесувања на децата со аутистичен спектар на нарушувања (АСН), како и методите за работа со овие деца.

Обуката за родителите на децата со посебни едукативни потреби, се однесува на подобро разбирање на родителите на инклузијата на децата во образовниот систем и нивна активна улога во помагање на инклузијата на своите деца во образовниот систем. Обуката содржи многу корисни информации кои ќе им помогнат на родителите да учествуваат заедно со наставниците во едукацијата на децата.

Обуките се за родители и наставници, а се однесуваат на процесот на инклузија во училиштата на децата со аутистичен спектар на нарушувања. Ги покриваат основните чекори кои треба да се преземат од страна на наставниците и родителите за инклузија на детето во училишниот процес. Обуките се изработени од наставници и претставуваат совети преточени од самата пракса на наставниците во тој процес. Тие се поставени на Систем за далечинско учење, па посетителите ќе можат да се регистрираат и да ја поминуваат обуката со свое темпо, кога и колку можат, како и да се навраќаат наназад низ темите. Со завршување на обуката, посетителите се стекнуваат со сертификат / потврда за поминување на обуката.